Проверете дали Ве има во листата на должници!

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.04/2019 за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.03.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

– повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

– повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Видео на денот