Повреден работник во Гостивар

Градежен работник вчера паднал од куќата на која работел и се здобил со тешки телесни повреди. Заради сериозноста на повредите тој од Медицинскот центар во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош е пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Вчера околу 13 часот во полициската станица во Гостивар било пријавено дека во објект во изградба на улица „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар, сопственост на Х.С.(64) од Гостивар, С.Џ.(51) од село Кондово, додека изведувал градежни работи паднал и се здобил со тешки телесни повреди – информираат од полиција.

Видео на денот