Порасна во беда, освои олимписко злато, а нејзиното семејство одби 30 милиони долари

Успеа да освои злато во нуркање од 10 метри/Фото: EPA-EFE/PATRICK B. KRAEMER

До Олимписките игри во Токио, никој не знаеше која е Кван Хонгчан, а пред неколку дена, таа стана новата голема ѕвезда на Кина. Има само 14 години и веќе освои злато на Игрите во нуркање од десет метри платформа.

Токму поради тој успех ѝ понудија вистинско богатство, а пред тоа треба да се знае нејзината животна приказна.

Потекнува од сиромашно седумчлено семејство кое живее во Гуангдонг, провинција во јужна Кина.

Нејзиниот татко работел долго време на плантажа каде што одгледуваат портокали со цел да заработат пари за семејството, а според проценките на кинеските медиуми, тој заработувал околу 200 долари месечно.

Нејзината мајка пак, имаше тешка несреќа пред четири години. Беше удрена од автомобил додека таа одела на работа, со сериозни и речиси фатални повреди. Хонгчанг поминува многу време надвор од домот во разни национални спортски кампови.

Таа објасни дека нејзината мајка била хоспитализирана неколку пати, но тоа го криеле од нејзе. Кога освои злато, кратко рече.

– Сакав да се грижам за мајка ми. Знам дека ѝ е тешко и колку се бореше за нас – рече Хонгчан.

Тинејџерката од Кина сега го зеде златото, и тоа го направи на историски начин. Имаше два совршени скока и две чисти десетки. Нејзината животна приказна охрабри многумина да ѝ помогнат.

Семејството одби двојно повеќе земјиште од она на кое сега имаат куќа. Болницата ѝ понудила бесплатно лекување на мајката. Наводно, една голема индустриска куќа исто така понудила куќа, работа за нејзиниот татко и продавница со која би управувале.

Исто така, добија понуди бесплатно да одат во некои зоолошки градини и забавни паркови до крајот на животот. На крајот, една компанија за храна, исто така, понуди доживотно снабдување со латио, нејзината омилена закуска.

Нејзиниот татко ги отфрли сите тие понуди, а вкупната вредност на тие понуди е околу 30 милиони долари.

– Ви благодарам на сите за дарежливоста, но јас не прифатив никакви пари – вели таткото.

Дури 25 милиони луѓе го бараа нејзиното име на кинеската социјална мрежа „Веибу“, а фановите веќе ја обиколуваат нејзината куќа како свето место и прават преноси во живо.

Ова ја загрижи тамошната Влада бидејќи голем број луѓе доаѓаат од сите делови на земјата, и тоа може да доведе до нејзиното село да стане ново жариште на коронавирус. Поради тоа, семејството побара од сите да ѝ дадат мир, а се очекуваат нови акции на владата.

Видео на денот