Полицијата во Лондон пукаше во возило во близина на Амбасадата на Украина (ВИДЕО)

Британската полиција пукаше во автомобил, кога возачот се забивал во автомобилот на украинскиот амбасадор.

Инцидентот се случил во западен Лондон, а полицијата јавува дека никој не е повреден. Полицијата била повикана околу 10 часот утрово пред украинската амбасада, откако возач со неговото возило се забивал во автомобилот на украинскиот амбасадор.

Полицијата морала да пука во автомобилот, а возачот е уапсен и приведен. Истрагата за инцидентот е во тек.

Видео на денот