Полицијата апси криумчари на артефакти во битолско и тетовско

Полиција / Фото: МИА

Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во тетовско и битолско, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.

Според нашите извори, до сега уапсени се осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.

Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.

Видео на денот