Почина поранешниот градоначалник и амбасадор

Вчера ненадејно во Тетово почина амбасадорот Алајдин Демири, политички коментатор и член на новоформираното граѓанско здружение – СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ.

Алајдин Демири (роден 19.12.1954), студирал социологија во Сараево (1973-1977), а потоа во Скопје (1977-1978) работел за ТВ станици како известувач и коментатор и подоцна до 1988 година како гимназиски професор по социологија во Тетово.

Студирал од 1990 до 1995 француски јазик во Швајцарија, а потоа се вклучува во органите на Партијата за демократски просперитет. Во 1977 година е избран за градоначалник на Тетово. Од 2000-2002 е амбасадор на Република Македонија во Швајцарија.

Видео на денот