По острата осуда: Психологот кој ги навреди лицата со Даунов синдром сега пробува да се искупи

Комората на психолози остро ги осудува и се оградува од навредливите и дискриминирачки ставови објавени на приватен ФБ-профил на член на комората.

Управниот одбор на комората свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан дали ќе се преземат соодветни мерки согласно етичкиот кодекс на психолозите, соопштија од Комората на психолози.

Инаку, станува збор за психологот Јове Хаџиевски, кој објави навредлив статус за децата со Даунов синдром, само за да го критикува премиерот Зоран Заев.

По неговата објава следуваа бурни реакции на социјалните мрежи.

Сепак, оваа личност не само во овој случај искажува навреди. Неговиот ФБ-профил е преполн со навреди и омаловажувања. Како на пример ,,стока северџанска“ и слично. Овој психолог е поддржувач на „Бојкотирам“ и заговара бојкот на изборите.

Тој во текот на вчерашниот ден ја избришал објавата, по што објавил нова во која се извинува, а вели:

„Намерата не ми беше да ги омаловажувам децата со даунов синдром, туку да укажам на тоа како некој не бира ништо, па дури и децата со даунов синдром за да добие политички поени. Јас сум работел со деца со даунов синдром и знам колку се тие емоционално топли и мили. Но, во постот тие не беа цел, туку политичарот кој ги користи во свои себични политички цели. Немам намера да се правдам, затоа и реков, намерата беше друга, очигледно контекстот што го одбрав беше погрешен. Јас јавно се извинив. Политичарот тоа нема да го направи“, напиша Хаџиевски.

Видео на денот