По 29 години, претседателот на Казахстан го напушта кабинетот

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Нурсултан Назарбајев беше претседател на Казахстан од 24 април 1990, па до денес, 19 март 2019, кога реши да поднесе оставка.

Тој бил генерален секретар на Комунистичката партија на Казахстан во склоп на СССР, а стана прев претседател на нацијата веднаш по осамостојувањето од Советскиот сојуз.

На последните избори, во април 2015, Назарбајев бил реизбран со 98% од гласовите.

Често бил обвинуван за злоупотреба на човековите права, како и за спроведување на авторитативен режим. Од 1990 па до 2010, во Казахстан владееше еднопартиски систем, а во 2017 тој самиот побарал конститутивни реформи кои ќе ги делегираат моќите и овластувањата на Парламентот.

Видео на денот