Плакати кои ги вознемирија Македонците во Австралија (ФОТО)

Македонската заедница во Нов Јужен Велс во Австралија изрази длабока загриженост поради плакатите со расистичка и провокативна антимакедонска содржина залепени оваа недела низ Југозападен Сиднеј.

Како што објави на фејсбук-профилот Австралиско-македонскиот совет на Нов Јужен Велс, пораките наводно биле ширени од десничарски групи и биле поставени пред училишта, цркви и други јавни установи. Случајот бил пријавен до надлежните власти.

Југозападниот дел на Сиднеј важи за место со богата култура каде што живеат различни заедници, и имало за цел да предизвика анксиозност и непријатност помеѓу припадниците на заедницата кон која биле насочени навредите.

Сличен настан наводно се случил минатата година во Викторија од неидентификувана група која вандализирала свето место со слични навредливи пораки.

-Ваквите случувања не служат за друга цел освен да предизвикаат тензии и недоверба и да создадат поделби меѓу заедниците и граѓаните, велат од Австралиско-македонскиот совет на Нов Јужен Велс и при тоа повикуваат на смиреност, воздржаност и дијалог.

Видео на денот