„Pinterest“ ќе го утврди ценовниот опсег за „IPO“ под последната оценка?

фото: EPA/JULIAN STRATENSCHULTE

„Pinterest“ планира да постави ценовен опсег за својата примарна јавна понуда под износот кој онлајн пребарувачот на слики ја доби при последното приватно финансирање. Компанијата ќе го стартува своето „роудшоу“ денес, за да привлече инвеститори.

Последно „Pinterest“ продаде акции на инвеститори пред „IPO“  уште во 2017 година по цена од 21,54 долари за акција, покажуваат документите на компанијата доставени до регулаторите. Ова ќе го оцени стартапот на околу 12 милијарди долари. Не е јасно кој опсег ќе го постави компанијата денес, но се очекува да биде под ова ниво, тврдат извори запознаени со прашањето.

Генерално не постои гаранција дека при „IPO“, цената ќе е во првичниот опсег, а купувачите вообичаено имаат поконзервативни очекувања, надевајќи се дека ќе можат да ги надминат кога акциите ќе почнат да се продаваат. Акциите на „Pinterest“ се очекува да излезат на берзата во Њујорк оваа недела под симболот „PINS“.

„Pinterst“ има над 250 милиони активни корисници месечно, кои го посетуваат сајтот, за да ги разгледааат милијардите слики на теми од мебел до рецепти за вечера и тетоважи. Компанијата генерира приходи од реклами на својата платформа.

„Pinterest“ објави силен раст на приходите и намалување на загубата. Во 2018 година нејзините приходи достигнаа 756 милиони долари, над износот од 472,9 милиони долари пред една година. Во истиот период, нето-загубата се намали на 63 милиони долари од 130 милиони долари во 2017 година.

Видео на денот