ПИК Сегед ќе види што е СЕХА кога ќе биде елиминиран од Вардар

фото: СЕХА

Претседателот на СЕХА лигата, Михајло Михајловски на интересен начин го искоментира одбивањето на вториот унгарски тим ПИК Сегед да се приклучи на лигата.

– Преговаравме неколку години со ПИК Сегед. Нивниот тренер има своја визија, а тиа растат од година во година. Тие повеќе сакаат да победуваат со 20 опени разлика во унгарската лига, отколку да играат неизвесни натпревари во СЕХА. ПИК Сегед ќе види колку му недостасува СЕХА кога ќе биде елиминиран ид Вардар во четвртфиналето на ЛШ – вели Михајловски.

Видео на денот