Пет причини зошто никому не му одговара израелска инвазија врз Појасот Газа

фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Владата во Тел Авив во неделата, на 8 октомври, објави дека Израел е подготвен да се одмазди за нападот на Хамас, во кој загинаа околу 1.400 Израелци, а неколку стотици од нив беа вземени како заложници.

Израелските сили веднаш почнаа со гранатирањето на Појасот Газа, каде што е седиштето на Хамас, но каде живеат и два милиони Палестинци, а најави и започнување на копнена офанзива.

Но сепак, судејќи според најновите изјави на израелските функционери, може да се заклучи дека офанзивниот план се менува, а тој се чини дека не им одговара на завојуваните страни но ниту на меѓународниот фактор.

Речиси цела недела светот е во исчекување од започнување на израелската копнена инвазија во Појасот Газа, која ја најавија највисоките израелски функционери.

Најгласен во овие закани секако беше премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој вети дека ќе го „урне и искорени Хамас“.

„Хамас мислеше дека ќе бидеме соборени. Ние сме тие што ќе го урнат Хамас“, се закани Нетанјаху, додавајќи дека со покажувањето на единството се „испраќа јасна порака до нацијата, но и до непријателот и до светот“.

Израел Појасот Газа палестинци
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Промена на плановите

Израелската војска се подготвува за следната фаза од својата кампања против милитантите на Хамас во Појасот Газа, но плановите може да не ги исполнуваат раширените очекувања за копнена офанзива, изјави воениот портпарол Ричард Хехт.

Се подготвуваме за следните фази од војната. Не кажуваме што ќе се случи. Сите зборуваат за копнена офанзива. Можеби ќе се изведе нешто поинаку“ од копнен напад , изјави Хехт.

Претходно, друг портпарол на израелските одбранбени сили, потполковник Џонатан Конрикус изјави дека израелската армија не очекува посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Израел да ја одложи или усложни најавената копнена операција во Газа.

Какви се плановите на Израел сега е неизвесно, но станува јасно дека копнената инвазија на Газа не им користи на завојуваните страни. Па дури ни оние во странство.

Израелски војници во акција во Сдерот – Фотографија ЕПА, Атеф Сафади

Незапамтено сценарио

Како прво, копнената офанзива врз Газа навистина би претставувало сценарио без преседан, бидејќи израелските сили никогаш претходно не влегле копнено и со толкав број војници во Појасот Газа.

Самата таа акција веројатно би довела до брутална реакција на и онака бруталниот Хамас, кој покажа дека не бега од ништо, но и дека е бескрупулозен во реализацијата на своите намери.

Доказ за ова е билансот од над илјада убиени Израелци и околу 200 киднапирани, кои биле оставени на милост и немилост на милитантите.

Копнената офанзива би значела невиден директен судир меѓу Хамас и Израел, кој би имал несогледливи последици за двете страни. Но и за оние кои се во тој огнен прстен – цивилите од Газа и киднапираните Израелци.

Ова е, очигледно, уште една причина што може да го спречи Израел копнено да ја нападне Газа. Има цивили киднапирани од Хамас, кои е тешко можат да се заштитат во случај на директен вооружен судир.

Знаме на Русија, Иран и Израел со Хамас / Фото Слободен печат

Странски фактор

Во контекст на ова, и странскиот фактор, кој ги поддржува страните во конфликтот веќе се спротистави стравувајќи од последиците на искажаните во јавност изралески воени планови.

Ова првенствено се однесува на САД како најголем поддржувач на Израел, но и Иран кој нескирено го поддржува Хамас.

САД цврсто застанаа во подршка на Израел по терористичкиот напад на Хамас, испраќајки и воена помош за полесно справување на израелската армија со палстеинските ектремисти.

И тоа, без сомнение, ќе продолжат да го прават, но влегувањето на Израел во Газа би било преседан со кој САД тешко би се справиле.

За ова веројатно би била потребна воена интервенција на САД, кои во секој случај сакаат да избегнат сценарио за директна вмешаност и конфронтација на Блискиот Исток.

Особено ако се земе предвид дека Иран најави директно воено вмешување , доколку израелската војска влезе во Газа. Иран со години воено и финансиски го поддржува Хамас, со кој ја дели својата омраза кон Израел.

Речиси секојдневно пристигнуваат закани од Техеран и потребно е по секоја цена да се избегне каков било директен воен судир меѓу САД и Иран.

Израелски полицајци стојат покрај телото на убиен милитант на Хамас/Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Точката од која нема враќање

На крајот, се поизвесно е дека ќе дојде до голем воен конфликт на Блискиот Исток од кој светот одамна стравува.

Имајќи предвид дека Иран, Сирија и Јордан ја поддржуваат Палестина, додека Саудиска Арабија и Египет се обидуваат да ги нормализираат односите со Израел и да влијаат на воведувањето стабилност во регионот, неизбежно би било сите овие страни да реагираат и да учествуваат директно во воениот конфлик – но на различни начини.

Тоа навистина би претставувало точка од која нема враќање за Блискиот Исток, поради што меѓународната заедница се надева дека Израел ќе се откаже од плановите за копнен упад во Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот