Пет економски институти драстично ги намалија нивните очекувања за германската економија

Група од водечките германски институти за економски студии ја намалија прогнозата за растот на Германија, пренесоа светските медиуми. Тие предупредија дека ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор, може да стане уште полошо.

Во заедничкото соопштение петте институти објавија дека го преиспитале намалувањето на есенската прогноза за растот на најголемата економија во Европа од 1,9 отсто до 0,8 проценти по заклучок дека „политичките ризици ја влошиле дополнително светската економска средина“.

Новата оценка е во согласност со прогнозата објавена минатиот месец од група на независни економски советници на германската влада и е пониска од онаа на самата Влада која предвидува раст од еден процент.

Петте институти – берлинскиот „DIW“, минхенскиот „Ifo“, есенскиот „RWI“, „IWH“ и „IfW“ објавија во коминикето дека стигнале до заклучок на 29 март, „кога сé уште се предвидуваше дека ќе биде избегнат „Brexit“ без договор“.

„Сега е помалку веројатно, но сé уште е можно“, велат тие. „Како и да е, ако има „Brexit“ без договор, тогаш економскиот раст оваа и следната година е многу веројатно да биде значително помал од наведениот во оваа прогноза“.

Во извештајот се истакнува дека економскиот пад во втората половина на 2018 година е во поголем степен, а се должи на бариерите во индустриското производство, отколку на политичките ризици.

Видео на денот