Перез во Париз тргна по Мбапе, се врати со друга трансфер бомба

Перез од Франција сепак не се враќа со празни раце / фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Реал Мадрид денеска во Франција замина по Килијан Мбапе, но се врати на „Сантијаго Бернабеу“ со Едуардо Камавинга.

Француската телевизија Канал плус објави екслузивна информација дека Реал Мадрид по корпата од ПСЖ за Килијан Мбапе, Флорентино Перез се фокусирал на младиот фудбалер на Рен и дека ќе го ангажира за сума од 30 до 40 милиони евра.

Според француските медиуми трансферот е завршен, додека шпанска „Марка“ тврди дека сè уште не готово но дека работата ќе се заврши до полноќ кога завршува преодниот рок.

Камавинга неколку месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но „кралскиот клуб“ сите пари и енергија ги чуваше за преговорите со ПСЖ кои не вродија со плод, но Перез одлучи од Франција да не се враќа со празни раце и им го украде на „светците“ планираното засилување.

Рен за еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата бара помеѓу 35 и 40 милиони, сума која му одговара на Перез и се очекува во текот на денот да биде комплетиран трансферот.

Видео на денот