Пендаровски во Бутел: Оваа генерација политичари ги решава најтешките прашања

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, на граѓанската трибина со жителите на Бутел, истакна дека оваа општина со децении е пример за тоа како треба да функционира концептот едно општество за сите и заедништвото меѓу граѓаните од различните етнички заедници.

– Овде, во оваа општина, го минав најголемиот дел од животот со луѓе од сите етнички заедници. Мојот слоган е Зедно напред, тоа значи обединување, а не делби. Едно општеттво за сите е концептот што почнавме да го реализираме од 2016 година. Јас ќе бидам претседател на сите граѓани и нема да делам по верска, национална или политичка припадност – рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски, нагласи дека оваа генерација политичари се зафатила и ги решава најтешките прашања. Тоа, според него,  довело до покана за членство во НАТО и за тоа во јуни да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

По Бутел, Пендаровски попладнево ќе учествува на граѓански трибини во скопските општини Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Видео на денот