Пендаровски искрен до крај и изваден од контекст (ВИДЕО)

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, обраќајќи се на трибина во Делчево, со објаснување дека сака да биде искрен до крај со гласачите, кажувајќи анегдота, беше изваден од контекс и дел од медиумите неговата изјава ја пренесоа манипулативно. Пендаровски  рече дека „него полицаец нема да го казни, затоа што го знаел од телевизија“. Но тој не мислеше да каже дека има привилегии во МВР, туку се обидуваше да објасни дека законите мора за сите да важат исто.

– Најголем проблем кај нас не се законите, туку нивната имплементација, бидејќи таа е селективна. Еве да бидеме искрени до крај. Ако ме сопре полицаец за брзо возење, мислите дека ќе ме казни? Јас не верувам. Зошто? Затоа што ме знае од телевизја. Можеби  ќе ме казни, ако полицаецот е од ВМРО-ДПМНЕ. Не треба да гледаме така на работите, јас сум многу благодарен на сите што ме поддржуваат, но после 12 мај тие не може да имаат привилегии само затоа што ме поддржале, законот мора за сите да важи – вели Пендаровски.

Еве го интегралното видео, изјавата на Пендаровски е околу 18. минута.

Трибина во живо од Делчево

Publiée par Stevo Pendarovski sur Vendredi 5 avril 2019

 

Видео на денот