Пеле примен во болница

Пеле успешно се опоравува по операцијата/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Кралот на фудбалот, Пеле беше итно хоспитализиран, но нема опасност по неговиот живот, објавија светските медиуми.

Седумдесет и осум годишниот Бразилец се сретна вчера со Килијан Мбапе на настан во Париз и се почувствувал лошо во вечерните часови во својата хотелска соба.

Според француските медиуми, тој бил примен во болница поради „тешка треска” и бил „превентивно” однесен во болница, вели „РМЦ Спорт”.

Вчерашниот настан во Париз беше предвиден за минатата есен, но тогаш беше одложен поради здравствената состојба на легендарниот фудбалер.

Видео на денот