Пејачката Лизо планира да „заплива“ во модните води!

Пејачката Лизо (31) откри дека разговарала со еден познат дизајнер околу можноста за соработка на модната линија, пишува power106.com.
Нејзината музичка кариера се движи во нагорна линија и изгледа дека добитничката на дури 3 Греми награди, наскоро ќе се обиде и во бизнисот на модата.
Музичарката најверојатно ќе работи на развивање на нејзината модна линија покрај дизајнерската етикета на Томи Хилфигер.
Медиумите ѝ побараа повеќе детали, но таа на шала одговори дека станува збор за танга.
За овој нејзин проект се пишуваше и кон крајот на минатата година. Томи Хилфигер секогаш бил отворен за прифаќање на различни соработки и интересни модни проекти.
Видео на денот