Пазарната капитализација на Prada се намали за 864 милиони долари

Забавувањето на кинеската економија зема нова жртва. Акциите на италијанската модна куќа „Prada“ поевтинија до најниското ниво од 2016 година, откако послабо претставување на најголемиот потрошувачки пазар во светот придонесе за неочекуван пад во годишната добивка, соопштува „Bloomberg“.

Акциите во Хонг Конг на групацијата за луксузни стоки забележаа пад во Азија најмногу поради кинеските туристи кои не трошат толку во Хонг Конг и Макао заради слабиот јуан. Кај другите луксузни брендови, вклучувајќи го „Gucci“, послабите купувања од кинески туристи се компензираат од засилените трошоци на континентот, но „Prada“ не успева да следи слична тенденција, велат аналитичарите на „Citigroup“.

Продажбата на „Prada“ во Кина остануваат без промена за годината – „значителна промена“ по растот од првото полугодие од 17%, забележува „Citigroup“. Падот на цената на акциите избриша 864 милиони долари од пазарната капитализација на компанијата.

Кинеските потрошувачи стануваат повнимателни во позадина на побавното економско проширување од речиси три децении и трговската војна со САД. Иако автомобилите и телефоните „iPhone“ засега имаат забележано и поголеми падови, резултатите на „Prada“ ќе предизвикаат загриженост дека новите богаташи од средната класа во ограничување на луксузните купувања. За индустрија, која се потпира на кинеската побарувачка за 30% од глобалните луксузни трошоци во износ од 1.000 милијарди долари, тоа е навистина загрижувачко.

Оперативната добивка на „Prada“ за 2018 година се намали за 10% до 323,8 милиони евра на годишна основа, што е под оценките од 378 милиони евра на аналитичарите. Акциите на „Prada“ паднаа за 11% во Хонг Конг, губејќи 38% од својата вредност во последната година.

Оваа година, сепак приходите се вратија кон раст, бидејќи брендот претстави нови чанти, како „Sidonie“ за 3.000 долари, и нови модели со материјали со поприфатливи цени, кои ги привлекоа помладите корисници. Износот на инвестициите во трговија и социјалните медиуми, како и отворањето на привремени продавници и организирање на забави, за да се предизвика нов интерес кон брендот, доведоа до дополнителни трошоци.

Видео на денот