Парондо: Горд сум на ракометарите

Роберто Парондо, тренерот на Вардар е презадоволен од прикажаната игра на неговите ракометари во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите против Загреб. Вардарци како гости остварија убедлива победа од 27:18 со која ги решија сите дилеми околу пласманот во четвртфиналето во ЛШ.
– Нема што да кажам освен едно благодарам на играчите. Горд сум на нив, одиграа одличен натпревар и го завршивме поголемиот дел од задачата. Знаевме што не очекува во Загреб па добро се подготвивме, работевме максимално на тренинзите. Се што договоривме, момците го одиграа перфектно и затоа на крајот стигнавме до овој резултат, изјави Парондо.
Реваншот кој ќе биде чиста формалност се игра наредната недела во Скопје, а македонскиот ракометен шампион уште сега може да ги започне подготовките за четвртфиналните дуели со подобриот двомечот Висла Плоцк – Пик Сегед.