Панучи доби „клоца“ од Албанија

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Италијанецот Кристијан Панучи е првото тренерско име кое доби отказ иако во квалификациите се играат натпреварите од првото коло.  Албанската фудбалска федерација по поразот од Турција (0:2) одлучи да ја прекине соработката со Италијанецот.

„Албанската фудбалска федерација информира дека официјално ја прекинува соработката со тренерот Кристијан Панучи. Му благодариме на Панучи за досегашната работа со нашата репрезентација и му посакуваме успех во неговата идна кариера. Националниот тим во вториот официјален натпревар од квалификациите за ЕП против Андора ќе го предводат Ервин Булку и Сулејман Мема“, стои во соопштението од Албанската фудбалска федерација.

Видео на денот