Палмарсон: Смешно и фрустрирачки е како загубивме

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Исландските ракометари сè уште не можат да се опорават од шокот кој го доживеаја вчеравечер. Дејан Манасков со голот во последната секунда ги шокира Исланѓаните и на Македонија ѝ ја донесе првата победа во Рејкјавик, притоа овозможувајќи му на Данило Брестовац победнички старт на селекторската функција.
Најдобриот играч на Исланд, Арон Палмарсон, кој ни даде 12 голови, не може да се помири со поразот но и со начинот на кој неговата репрезентација загуби.

– Не може да биде полошо од ова. Имавме шанса за победа, но ја упропастивме на несмасен начин. Имавме меч топка и навистина е фрустрирачки да не ја искористите. Едноставно не ја исконтролиравме. Исто така, одбраната и голманите не беа на наша страна денеска. Повеќе од 30 гола на домашен терен е очаен резултат, не сакаме светот да нè знае по ова. Навистина смешно е тоа што се случуваше, но, барем можеме да научиме нешто – рече Палмарсон.

Видео на денот