Пад од 10 позиции на најновата ФИФА ранг листа

Ова лето дебитиравме на Европското првенство кое го завршивме со три порази во групната фаза од Австрија, Украина и Холандија.
Од 1 август, по заминувањето на Игор Ангеловски, нов селектор на македонската А репрезентација е Благоја Милевски.
Милевски своето деби ќе го има следниот месец поточно на 2 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје против Ерменија во рамките од мундијалските квалификации.
Денеска е објавена најновата ФИФА ранг листа на која Македонија има пад од 10 позиции, послабо од претходните рангирања на 7 април и на 27 мај.
Моментно се наоѓаме на 72 место со 1343 поени, веднаш пред Јужна Африка (1338), а зад Кина (1353).
ФИФА ранг листа, Топ 10:
1.Белгија, 1822 поени
2.Бразил, 1798 поени
3.Франција, 1762 поени
4.Англија, 1753 поени
5.Италија, 1745 поени
6.Аргентина, 1714 поени
7.Шпанија, 1680 поени
8.Португалија, 1662 поени
9.Мексико, 1658 поени
10.САД, 1648 поени