„Ова е крајот на Израел, следува нов жесток бран на напади “: Иранскиот претседател се закани и најави војна до истребување

„ Ова е порака до Американците и нивните израелски пријатели – денеска вие испраќате ракети кои убиваат невини цивили. Вие сте партнери во злосторство кое ќе биде казнето, затоа што ова е крајот на Израел“, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Пред два дена, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи рече дека „геноцидот“ врз Палестинците во Појасот Газа мора „веднаш“ да престане. Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас поддржано од Техеран, кое владее со Газа, откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1.300 луѓе, главно цивили, во најсмртоносниот ден во 75-годишната историја на земјата.
„Никој не може да им се спротивстави на муслиманите и силите на отпорот ако продолжат злосторствата на ционистичкиот режим против Палестинците… бомбардирањето на Газа мора веднаш да престане“, изјави Хамнеи.
Светот е сведок на геноцидот на ционистичкиот режим врз Палестинците во Газа“, рече Хамнеи пред насобраните студенти во Техеран кои извикуваа „Смрт за Израел“.
„Мораме да одговориме“
„Мораме да одговориме, мора да реагираме на она што се случува во Газа“, рече Хамнеи, додавајќи дека на израелските функционери треба да им се суди за нивните „злосторства против Палестинците во Газа“.
Израел го бомбардираше Појасот Газа во воздушни напади во кои загинаа повеќе од 3.000 Палестинци, од кои четвртина деца, а приближно половина од 2,3 милиони жители на Газа беа принудени да ги напуштат своите домови.

Паралелно со ракетирањето израелските власти воведоа целосна блокада на енклавата, блокирајќи дотур на храна, гориво и медицинските резерви, кои според тамошните власти се при крај.
Во заканите кон Израел се приклучи и командантот на елитната иранска револуционерна гарда Али Фадави кој му порача на Израел дека ќе се соочи со уште еден шокантен бран на напади и отпор доколку еврејските „ѕверства“ не престанат во Газа
„Ударите на фронтот на отпорот против ционистичкиот режим (Израел) ќе продолжат се додека овој канцероген тумор не биде искоренет од светската мапа“, порача Фадави.