Отстранети сто кубни метри отпад од приватен двор во Лисиче

Вкупно сто кубни метри отпад биле подигнати и транспортирани од приватен двор во населбата Лисиче, во рамките на петдневната акција спроведена од ЈП „Комунална хигиена”-Скопје.

Како што соопштија од ЈП „Комунална хигиена” – Скопје, целосно е отстранета дивата депонија, составена од огромно количество мешан комунален, градежен и кабаст отпад, а локацијата е комплетно исчистена.

Во расчистувањето на дивата депонија лоцирана на улицата „Блажо Орландиќ”, дневно биле ангажирани по десет работници на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, отпадот се подигнувал со втоварувач, а се транспортирал со три специјални комунални возила.

Акцијата се одвиваше во координација со Инспекторатот на Градот Скопје.

Видео на денот