Останете здрави, дури и ако премногу часови ги работите седејќи

Седењето е еден од најголемите непријатели на здравото човечко тело, но не е проблем што е нерешлив.

Голем број луѓе страдаат од најразлични нарушувања, а долгото седење е еден од најчестите причинители на здравствени проблеми.

Затоа и треба да се потрудиме овој начин на работа да влијае врз нас што помалку, а еве и како може да се постигне тоа:

Повеќе движење

Дури и ако треба да земете нешто од фиоката, станете и направете го тоа. Внимавајте доволно да пешачите по работното време, а паузата употребете ја за да излезете за јадење.

Јадете домашна храна

На долгорочен план поисплатливо е да си подготвувате храна од дома, наместо да се „давите“ во брза храна и пекарски производи.

Пешачете

Ако треба да одите до друг оддел или друг кат, избегнувајте користење на лифтовите. Наместо да се јавите по телефон, одете до канцеларијата на колегите кои ви требаат.

Пијте вода, но не со оброкот

Преку ден треба да пиете доволно вода за да го одржите телото хидрирано. Не пијте вода половина час пред, за време на и половина час по оброкот. Ако треба направете си и потсетници од телефонот, за да не заборавате да пиете вода.

Наместете аларми за движење

На секои 50 минути наместете по еден аларм кој ќе ве потсетува да се придвижите. Одете да си направите кафе или освежете се во тоалетот, но не останувајте на столот пред бирото.

Видео на денот