Оперативната добивка на „LG“ се намали за 19 проценти

Оперативната добивка на „LG Electronics“ може да се намали за помалку од очекуваните 19% во првиот квартал, и покрај загубите во мобилниот бизнис и зголемената конкуренција во сегментот на телевизија, кои вршеа притисок врз приходите под консензус прогнозата, објави „Ројтерс“.

Акциите на јужнокорејската компанија забележала пад од 1,5 отсто по објавувањето на вестите.

Вториот по големина производител на телевизори по „Samsung Electronics“, процени дека во периодот јануари-март генерирал оперативен профит од 899,6 милијарди вона (792,77 милиони долари) наспроти 1,1 илјади милијарди вона, пред една година.

За споредба, просечната проценка на 21 аналитичари интервјуирани од „Refinitiv I/B/E/S“ изнесува 808 милијарди вона.

Приходите веројатно се намалија за 1,4 проценти на 14,9 илјади милијарди вона, објави јужнокорејскиот гигант – под 15,3 илјади милијарди вона, како што беше консензус прогнозата.

Од „LG“ не откриваат повеќе детали за операциите во првиот квартал. Компанијата ќе ги објави своите финансиски резултати на крајот на април.

Видео на денот