Однесувањето на Талибанците не е многу охрабрувачко, смета ЕУ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел дека досегашното однесување на талибанската влада „не е многу охрабрувачко“ и дека евентуалниот економски колапс во Авганистан ќе го зголеми ризикот од тероризам и други закани.

ЕУ ја зголеми хуманитарната помош за Авганистан откако Талибанците дојдоа на власт, но ја прекина помошта за развој, идентично како што тоа го направија другите земји, како и Светската банка, пренесува Ројтерс.

“Тоа секако е дилема. Бидејќи ако сакате да придонесете за да се избегне колапс на економијата, можете да размислите за поддршка на владата … во зависност од нивното однесување. И нивното однесување досега не беше многу охрабрувачко”, рече Борел за време на посета на Саудиска Арабија.

Тој предупреди дека во случај на колапс на економијата, хуманитарната ситуација ќе биде уште полоша, ќе се зголемат тензиите поради кои луѓето ќе сакаат да ја напуштат земјата и ќе се зголемат ризиците од Авганистан за меѓународната заедница.

Видео на денот