Нуров се бори за бронзен медал на Светското првенство во борење

Во репасажот Магомедгаџи Нуров ќе ги одмери силите со Улзисаихан од Монголија/Фото: facebook.com/ljubisa.pesko

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров во категоријата до 97 кг. ќе се обиде со медал да се врати од Светското првенство кое се одржува во Осло, Норвешка.

Во своите први две борби, Нуров запиша победи над Литванецот Лукас Красаускас со 17:6 (квалификации) и Полјакот Радослав Баран (3:1) во осминафиналето.

Следуваше пораз во четвртфиналната фаза од Американецот Кајл Фредерик Снајдер со 11:0.

Ќе има уште една шанса за Нуров да дојде до еден од медалите, во овој случај, бронзата.

Во репасажот најпрвин треба да го совлада натпреварувачот од Монголија, Батзул Улзисаихан, а потоа во битка за третата позиција биде подобар од Иранецот Мојтаба М. Голејж.

Видео на денот