Новицки останува во Далас

Дирк Новицки пред два дена против Сан Антонио спарс го одигра последниот натпревар во НБА лигата со што стави крај на дури 21 година долгата кошаркарска кариера. Германецот целата своја кариера ја помина во Далас маверикс, стана најдобар кошаркар во историјата на клубот, а врвот го достигна 2011 година ја освои титулата во НБА лигата.
Според локалните медиуми, челниците на Далас немаат намера да му дозволат на Новицки да се оддели од клубот и веќе му понудиле функција.
– Би сакал да го водам Далас заедно со Дирк. Во најскоро време ќе зборувам со него и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик. Се надевам дека ќе успееме да се договориме, не сакам најдобриот кошаркар во историјата на Далас да го држиме подалеку од клубот. Тој со своите игри заслужи да биде дел од оваа организација, не само како играч туку и како дел од управата – вели Марк Кјубан сопственикот на Далас.
Првата функција која Новицки би ја добил е амбасадор на Далас маверикс со што би работел на градење и ширење на имиџот на клубот ширум светот.