Нова жртва: Трудница заболена од морбили го загубила бебето

Трудница од штипскиот регион која била во шестиот месец од бременоста, пред десетина дена завршила на Гинекологија каде ја породиле со мртов плод.

Жената го загубила плодот, откако претходно заболела од морбили.

Како што расте бројот на заболени, се повеќе на удар на малите сипаници се и трудниците. На Инфективна во моментот на болничко лекување се две бремени жени со морбили, од кои едната е пред породување.

Покрај нив,  хоспитализирани се уште 41 пациент со ова заразно заболување.

Видео на денот