Нова тешка сообраќајка на патот Гостивар-Тетово

Фото: Фејсбук

Уште една тешка сообраќајна несреќа се случила пред еден час на автопатот Гостивар-Тетово.

Според објавените фотографии на фејсбук-страницата, „Ѕид на сообраќајниот срам“, предниот дел на возилото е целосно искршен, а делови од возилото се расфрлани на сите страни.

Не е познато како дошло до оваа несреќа, како и тоа кои се причините. Повеќе информации од МВР се очекуваат во текот на денот.

Видео на денот