Нова студија: Во првите шест месеци, ефикасноста на „Фајзер“ е 90 проценти

Вакцинација во Македонија коронавирус
Вакцинација со вакцина на „Фајзер/Бионтек“ / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ефикасноста на вакцините против ковид-19 на производителот „Фајзер и БиоНтек“ се намалува на 47 проценти од 88 проценти, шест месеци по втората доза, според податоците што американските здравствени агенции ги зедоа во предвид при одлучувањето за потребата од трета доза.

Податоците, кои беа објавени вчера во медицинското списание Лансет, првично беа објавени во август пред експертската ревизија, пренесува Ројтерс. Анализата покажува дека ефикасноста на вакцината во спречувањето на хоспитализација и смрт остана доста висока, на дури 90 проценти во првите шест месеци, дури и против делта сојот.

Податоците сугерираат дека падот се должи на намалувањето на ефикасноста на вакцините без да биде предизвикано од повеќе заразни соеви на вирусот.

Истражувачите од Фајзер и системот за здравствена нега Каисер ги проучуваа електронските здравствени досиеја на приближно 3,4 милиони луѓе во Јужна Калифорнија помеѓу декември 2020 година, кога вакцината за првпат стана достапна, и август 2021 година, и јасно утврдија дека вакцината е ефикасна против сите тековни варијанти на коронавирус, вклучително и делтата.

Можната потреба од трета доза

Според истражувањето, ефикасноста на вакцината против делта сојот била 93 проценти по првиот месец, а се намалила на 53 проценти по четири месеци. Во споредба со другите варијанти на коронавирус, ефикасноста падна од 97 проценти на 67 проценти.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри употребата на третата доза од вакцината „Фајзер и Бионтек“ за постари лица и оние со висок ризик од инфекција.

Видео на денот