Необичен метод со обична четка: Ослободете се од целулитот во само неколку потези!

Верувале или не, обичната четка за чешлање на косата може да биде моќно оружје во борбата против целулитот.

Со четкањето на нозете и задникот „на суво“, се отстрануваат мртвите клетки, се поттикнува циркулацијата и се обновува лимфната дренажа.

Важно е само да имате четка со природни влакна, бидејќи синтетичките влакна можат да ја оштетат вашата кожа.

Правете го тоа редовно секој ден, пред туширање, така што ќе започнете од над коленото, нагоре со силни, кружни и истегнувачки движења. Поминете ги бутовите и задникот со масирање од доле кон нагоре, но не притискајте ја кожата пресилно.

После четкањето истуширајте се, а потоа намачкајте го телото со хранлива крема. Резултатите ќе ги забележите за некоја недела, но само доколку редовно го практикувате овој метод.

Видео на денот