НЕМАШЕ СРЦЕВА АКТИВНОСТ: Алек Болдвин и сопругата го изгубија петтото дете

Фото Профимедиа

Иларија Болдвин на својот профил на Инстаграм редовно ги известуваше следбениците како тече нејзината петта бременост.

Неодамна таа објави емотивна исповед дека чувствува како го губи бебето, бидејќи на прегледите имало срцева реакција, но била преслаба и ембрионот не напредувал соодветно на гестациската недела. Во тој пост изрази и благодарност што нејзините четири деца се добри, но и дека ѝ треба поддршка од сите во фаза од бременоста кога не е сигурна што ќе се случува понатаму.

Во последната објава таа извести дека веќе нема срцеви отчукувања и дека го изгубила бебето.

Видео на денот