Неделно уживање: Кускус салата

Заборавете на традиционалните салати од кои сте сигурно презаситени. Имаме вкусна идеја за вас. Дали сте пробале розова кускус салата?
Состојки:
- чери доматчиња
- 1 чаша сечкано зелје или блитва
- 10-12 свежи листови лобода (по желба)
- малку кромид
- 1 рака листови од рукола
- ½ страк магдонос
- свежо цеден сок од лимон
- ½ лажица балзамико оцет
- 1 лажица јаболков оцет
- 1 лажица маслиново масло
- сол и црн пипер
За прелив:
- 2 лажици таан
- 1/3 филџан вода
- 1/3 лажичка хималајска сол
- прстофат црн пипер
За вариво:
- 250 г кускус
- 1 литар вода
- 1 лажичка хималајска сол
- 1 лажичка маслиново масло
Подготовка:
Сварете го кускусот во водата посолена со сол и зачинета со масло. Потоа исцедете го и измијте го во ладна вода. Ставете го во сад и додајте ги останатите додатоци: зелјето, перцата од кромид, руколата, магдоносот, сите ситно сечкани и ренданото цвекло. Ако користите лобода, листовите измијте ги и избланширајте во врела вода, потоа исечкајте ги и додајте ги во салатата. Зачинете со сок од лимон, двата вида оцет, сол, црн пипер и масло. Измешајте. Во сад измешајте го таанот со водата, солта и пиперот, додека добиете хомогена смеса со која ќе ја прелеете салата. Измешајте и сервирајте.
Видео на денот