Нè „реши“ ракометарот кој тежи 140 килограми

EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Голот во последната секунда ги шокира ракометарите на Исланд кои за прв пат доживеаја пораз од Македонија на домашен терен. Иако Манасков го постигна победничкиот гол и беше најпрецизен во редовите на Македонија со осум голови, одлична партија одиграа Георгиевски, Лазаров и Талески, за исланѓаните најголем проблем претставуваше пикерот Стојанче Стоилов.
Еден од најискусните ракометари на Исланд Арнор Гунарсон на интересен начин ја искоментира играта на Стоилов.

– Нè „реши“ нивниот пикер кој тежи 140 килограми, навистина е тежок за чување кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана нè убија вечерва. Во првите десет минути игравме добра одбрана и ги добивавме дуелите. Се мачеа да нè пробијат, но потоа се поставија во линија и ги пронајдоа дупките во средината на нашата одбрана. Едоставно не смееме да примиме 34 гола на домашен терен. Ги пронајдоа сите дупки во нашата одбрана и им беше лесно да се разигруваат и да постигнуваат голови – изјави Гунарсон.

Видео на денот