Не дојде мајката на Тамара, судењето одложено за 6 мај

Поради отсуство на Жаклина Димовска, мајка на покојната мала Тамара од Велес, денеска во скопскиот Кривичен суд беше одложен процесот во кој им се суди на обвинетите членови на поранешната Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство.

Во овој случај обвинети се и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.

Малата Тамара Димовска во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.

Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.

Судењето продолжува на 6 мај.

Видео на денот