Најмалку 24 загинати во пожар во Кина

Најмалку 24 пожарникари загинаа во голем шумски пожар во југозападната кинеска провинција Сечуан, соопштија денеска локалните власти.

Според истите извори, уште 30 лица се водат како исчезнати на подрачјето зафатено од огнената стихија.
Пожарот избувна вчера во регионот Мули во автономниот регион Тибет, од каде се прошири во соседната провинција Сечуан.

Во гаснењето на огнот учествуваат над 680 лица.

Видео на денот