На „очајната домаќинка“ ѝ се закануваат 20 години затвор

Фото EPA-EFE/KATHERINE TAYLOR QUALITY REPEAT

Фелисити Хофман, ѕвездата на „Очајни домаќинки“, беше уапсена неодамна и за првпат јавно проговори што се случило.

Таа е обвинета, а и се изјасни виновна за делото измама и мито за резултати од тестови и испити на колеџ. Наводно, таа била дел од заговор за лажирање на САТ-резултатите на нејзината ќерка во 2017 година и платила 15.000 долари за друг да полага наместо неа, за да добие подобри оценки и со тоа, можност за упис на подобар факултет.

Таа е една од 14-те родители кои признале вина по ова обвинение и секој од нив ќе биде соодветно казнет. Максималната казна која ѝ се заканува на Хофман е 20 години затворска казна, 3 години условна и парична казна од 250.000 долари.

Видео на денот