На голот на Милан против Јувентус ќе биде 41-годишник кој не бранел две години

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Во Италија со голема возбуда се очекува неделното дерби помеѓу Милан и Јувентус, а пред овој натпревар тимот на Милан се соочува со сериозни проблеми на голманската позиција.

Првиот голман на Милан, Мајк Мањан како што е познато доби црвен картон на претходниот натпревар од Серија А против Џенова, па поради тоа нема да може да го чува голот на својот тим.

Но, проблемите за Пиоли станаа поголеми кога голманот Марко Спортиело го повреди листот на ногата и го чека пауза од десетина дена.

Поради ваквата ситуација најверојатно на голот на Милан против Јувентус ќе застане, Антонио Миранте кој има 41 година. Последен пат Миранте бранеше во април 2021 година како голман на Рома.

Интересно што исто така и Јувентус против кого ќе треба да брани по две години седење на клупа е негов поранешен клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот