МЗТ Скопје падна во Битола, Пелистер го доби првото големо дерби

Првото големо дерби му припадна на Пелистер/ фото: КФСМ

Кошаркарите на Пелистер славеа на првото големо дерби во новата сезона во Суперлигата откако со 82:79 го совладаа актуелниот шампион МЗТ Скопје.

„Металците“ во дуелот на екипите кои ќе играат во АБА2 лигата, настапија десеткувани, тренерот Дарко Радуловиќ не можеше да смета на седум кошаркари, но и покрај тоа три четвртина беа рамноправен противник.

Домаќинот до победата дојде благодарение на подобрата игра во последната четвртина, а водството од 71:65 на четири минути до крајот се покажа како недостижно за „металците“.

Бобан Стајиќ со 23 поени беше најдобар во редовите на Пелистер каде се истакнаа и Игор Кесар со 16 поени и 8 скока и Бојан Трајковски со 12 поени и 10 скокови. Во редовите на МЗТ Скопје, најефикасен беше Дејвис со 21 поен и 7 скока.

Видео на денот