Му се слоши на Јакимовски, обвинет во „Таргет-Тврдина“

Обвинетиот Тони Јакимовски во случајот „Таргет-Тврдина“ побара лекарска помош поради влошена здравствена состојба, односно покачен притисок, па судскиот совет даде пауза додека го прегледаат и одлучат дали процесот ќе продолжи денес.

Претходно обвинетиот Јакимовски кој издржува казна затвор во Куманово рече дека не му е добра здравствената состојба, односнодека имал висок притисок.
Претседателката на судечкиот совет Џенета Бектовиќ го праша дали може да продолжи, тој рече ќе се потруди да биде сконцентриран и му постави прашање на Костовски за тоа кој ги користел лозинките во системот „Најс” и кој можел да креира нови лозинки или да ги користи „привилегиите”.

 

Видео на денот