„Мрежата на Мамли“ – нов роман од Блаже Миневски

„Матица македонска“ го објави новиот роман на Блаже Миневски, насловен „Мрежата на Мамли“. Во своето најамбициозно дело, познатиот писател ги отсликува судбинските мигови и премрежиња, што се одигруваат на тлото на македонската земја. Ова е роман за мрежата во која се фатени предавниците и патриотите, платениците и полтроните, кодошите и тапкарошите…

Блаже Миневски со „Мрежата на Мамли“ на македонската книжевност ѝ подарува уште еден бесценет наратив: станува збор за роман кој влијае врз иднината на македонската литература, а посебно врз иднината на романот како жанр, пишува Венко Андоновски во предговорот.

Блаже Миневски (Гевгелија, 1961) е автор на богат прозен и драмски опус, високо вреднуван од критиката. Добитник е на најзначајните литературни награди во нашата држава, меѓу кои и на наградите Роман на годината, Рациново признание и Стале Попов.

Видео на денот