Мото ГП: Маркез во Остин им се врати на победите

Маркез по седми пат славеше на трката која се одржа во Остин, Тексас/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез славеше на трката за Големата награда на САД која се возеше во Остин, Тексас.

Со овој триумф Маркез ја продолжи доминацијата во Остин бидејќи ова е негов седми триумф.
Шпанецот кој е осумкратен Мото ГП шампион, победата ја прослави носејќи знаме со кое му оддаде почит на великанот на мотоциклизмот, Ники Хејден.

На второто место се пласира возачот на Јамаха, Фабио Квартараро кој е лидер во генералниот пласман и на наредната трка во Мизано ќе има шанса да ја обезбеди шампионската титула.

Последното место на победничкиот пиедестал му припадна на Франческо Бањаја од Дукати.
Маркез во Остин триумфираше со време од 41:41.435 минути што беше за 4.67 секунди побрзо од второпласираниот Квартараро и тоа најдобро ја отсликува доминацијата на Шпанецот.

На четвртото место се пласира Алекс Ринс од Сузуки, додека петти беше Хорхе Мартин од Прамак Рејсинг.
Лидер во генералниот пласман е Квартараро со 254 бодови, а втор е Бањаја кој има 52 бода помалку, додека трет е Жоан Мир со 176 бодови. Наредната трка ќе се вози Мизано на 24 октомври.

Видео на денот