Момче и девојка од Србија жртви во сообраќајна несреќа во Германија

Двајца државјани на Србија, Медина Бјелак (22) и Ален Кучевиќ, (24), се жртви во сообраќајна несреќа која пред неколку дена се случила во близина на Франкфурт, информираат српските медиуми.

Тие настрадале откако полициски автомобил, кој се движел со ротациони светла кон местото на несреќата во која загина една од најбогатите жени во Русија, Наталија Филева, удрил во нивниот автомобил.

Како што пренесуваат српските медиуми, девојката со родителите живеела во Германија , додека момчето пред 4 години заминало да работи таму.

Видео на денот