Млад скопјанец повреден кај Подмоље

Сообраќајци / Фото: Архива

Синоќа во 21.30 часот на магистралниот пат кај Струшко Подмоље се случила сообраќајка помеѓу „ауди“ со скопски таблички управувано од В.И.(22) од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка управуван од Д.М.(39) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „ауди“. Тој со возило на Итна помош итно е пренесен и хоспитализиран на скопските клиники.

Видео на денот