Мијатовиќ од Блокотехна е МВП на регуларниот дел во БИБЛ-лигата

Екипата на Блокотехна втора година  по ред го дава најкорисниот кошаркар во БИБЛ-лигата, овој пат признанието отиде во рацете на крилниот центар Данило Мијатовиќ.

Ветеранот во редовите на Блокотехна беше најдобар играч на екипата сезонава и е еден од најзаслужните за пласманот на завршниот турнир во Приштина но за жал поради повреда не е дел од Фајнал фор турнирот. Мијатовиќ на 12 натпревари во регуларниот дел од сезоната оствари просек од 25,8 поени и 6,1 скокови по натпревар.

Бидејќи Мијатовиќ поради повреда не е со екипата во Приштина, наградата во негово име ја прими Александар Колев.

Видео на денот