Меган и Хари отворија профил на Инстаграм

Фото Профимедиа

Непосредно пред породувањето на Меган Маркл, кралскиот пар одлучи да се придружи на социјалната мрежа Инстаграм.

За брзо време собраа следбеници кои се нивни фанови и од Велика Британија, но и од целиот свет.

Профилот на Инстаграм гласи @sussexroyal, а во описот стои дека е официјален профил на војводата и војвотката од Сасекс.

Логото е стилизирана верзија на иницијалите на Меган и Хари, крунисани со кралска круна. Засега профилот има над 950 илјади следбеници, а се очекува наскоро да ја надмине бројката од еден милион.

Видео на денот