Маркез: Знаев дека сè се решава во првите пет круга

EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Бранителот на титулата во Мото ГП класата, Марк Маркез, на доминантен начин триумфира на трката за Големата награда на Аргентина, водејќи од првиот свиок па сè до финишот. На крајот предноста во однос на второпласираниот Валентино Роси изнесуваше 10 секунди.

– Ова беше совршна трка. Бев концентриран од првиот круг и во продолжение на трката сè беше како што треба ако се изземе малиот проблем во четвртиот круг. Знаев дека сè може да биде решено во првите пет круга и затоа форсирав – изјави Маркез.

Видео на денот